Проценка на социоекономското влијание

ДИМЕНЗИИ НА РАНЛИВОСТ

Пандемијата со КОВИД-19 е многу повеќе од здравствена криза. Таа ги погоди општествата и економиите во нивната основа и ќе го остави најранливиот дел од населението да го понесе најтешкиот товар од кризата. Досега се погодени десетици илјади работни места, повеќето од нив најдолу на спектарот на платите, а непропорционалното влијание врз ранливите групи најверојатно ќе ги зголеми сиромаштијата и нееднаквостите на национално и глобално ниво. Како резултат на тоа, детската сиромаштија и родовите нееднаквости се во пораст. За првпат во десет години, бројот на невработени жени го надмина бројот на невработени мажи во земјата. Свеста за влијанијата на КОВИД-19 врз ранливите групи е клучна за да се информираат и приспособат одговорите на владите и партнерите за закрепнување од кризата и за да се обезбеди дека никој не е заборавен.

Влијание врз невработеноста

Од почетокот на пандемијата
се изгубени
45.543 работни места

Откако изби пандемијата
невработеноста
се зголеми за 43%

Од мај 2020 година
има мало, но стабилно
отворање нови работни места

Родова нееднаквост

Постои континуирано зголемување
во невработеноста на жените
од мај 2020 година

Во септември 2020 година, бројот на
невработени жени го надмина
оној на мажите за првпат во десет години

Јуни 2020 година
е најлошиот месец со
12.268 нови невработени

Невработеност на жените по возрасни групи

Невработеноста на жените (во просек) е во
опаѓање во последните 15 год.
во сите возрасни групи

Првата половина од 2020 год. е со различен степен
на пораст во сите возрасни групи
од 30-59 год. веројатно поради КОВИД-19

Возраста од 50-59 год. беше најтешко погодена
со пораст во невработеноста од 24%
или 3,4 поени за првите шест месеци од 2020 год.

Урбана/Рурална невработеност

Урбаната/руралната распределба на невработеноста
е неверојатно стабилна
од почетокот на пандемијата

Во просек,
6 од 10 невработени
доаѓаат од урбаните средини

Наглото зголемување во невработеноста
април 2020 година не влијае
врз урбаната/руралната распределба

Влијание врз сиромаштијата

Стапката на сиромаштија стагнираше, но се
очекува да порасне во 2020 год.
(23,3%) главно поради КОВИД-19

Без економските и социјалните
мерки на владата во 2020 година
стапката на сиромаштија би била повисока

Приближно еден на четири граѓани
во земјата се во ризик од
сиромаштија и социјално исклучување

Влијание врз детската сиромаштија

Дополнителни 16.000 деца
најверојатно ќе паднат под прагот на сиромаштија како резултат на кризата од КОВИД-19

Стапката на релативна детска сиромаштија ќе
се зголеми за проценети 33,3%
стапка која не е видена во минатата деценија

Домаќинствата со 3+ деца
се во најголем ризик од сиромаштија
предизвикана од КОВИД-19