Владите насекаде во светот преземаат драстични мерки за да го намалат ширењето на корона вирусот, но ефектот на тие мерки ќе продолжи да има штетни последици врз економијата и социјалниот статус на најранливиот дел од населението. Северна Македонија не е исклучок. Досега се погодени десетици илјади работни места, повеќето од нив најдолу на спектарот на платите, а најмногу загрижува ефектот врз угостителството, туризмот и малопродажбата. Оваа веб-страница е креирана за да се даде преглед на социоекономското влијание преку прибирање и следење на релевантни, отворени и чести податоци за најпогодените сектори од економијата и сегменти од општеството.
ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ ИЗВЕШТАЈ