Од макроекономска перспектива, пандемијата со КОВИД-19 сериозно ќе го погоди кружниот тек во националната економија. Нарушувањата ќе стават силен притисок врз стапките на невработеност и сиромаштија и ќе предизвикаат назадување кај резултатите во развојот постигнати пред кризата. Мерките за здравствена заштита, фискалниот стимул и потребните структурни и институционални интервенции можат да ја вратат економијата на патот пред кризата најрано на крајот од 2023 година. Пандемијата најверојатно ќе предизвика намалување во БДП од 4,0%. Невработеноста беше во опаѓање над една деценија и беше проектирано да достигне 16,8% оваа година. Меѓутоа, поради отпуштањата од работа и исклучително малото отворање нови работни места, проектирано е да достигне 20,4% до крајот на 2020 година. Овие трендови неминовно ќе влијаат врз стапката на сиромаштија, која според нашите прогнози, ќе се зголеми до 21%.
Очекувана кумулативна загуба од
2,3 милијарди УСД
во 2020 и 2021 година
Назад во нормала
не пред 2023 година
под силно реформско сценарио
Рецесијата може да биде
подлабока од очекуваните
-5,4% во 2020 година
Брз пад во реалниот БДП во
К2 од 2020 година
за 12,7%
Се очекува постепено закрепнување
во К3 и К4 од
2020 година
Позитивниот раст се очекува
да продолжи во К1
од 2021 година
пораст од 36,8%
од почетокот на пандемијата
Најлош месец досега е јуни 2020 година со
12.268 нови невработени
Најтешко погодени се Гевгелија и Валандово
со 80% пораст
во невработеноста