Проценка на социоекономското влијание

ОПШТИНСКИ ПРИХОДИ

Кризата влијае врз буџетите на локалната самоуправа како за приходите од сопствени извори така и за меѓувладините трансфери. Ниската наплата на приходи од сопствени извори веќе го нарушува обезбедувањето на јавните услуги. Со оглед дека дотациите од ДДВ се засноваат на пропишан процент од минатогодишната наплата на (нето) приходите од ДДВ од централниот буџет, трансферот на дотациите од ДДВ во општинските буџети нема да биде погоден од актуелната криза во 2020 година. Општините ќе имаат право на 38 милиони евра во 2020 година, што би било значајно монетарно олеснување за нивниот буџет. Меѓутоа, општите дотации од ДДВ во 2021 година ќе бидат значително погодени од тековната рецесија и намалувањата во (нето) приходите од ДДВ во 2020 година. Пресметките сугерираат намалување на општите дотации од ДДВ за 7,8% или речиси 3 милиони евра, кое ќе биде одразено во Ребалансот на буџетот за 2020 година.

Промени во општинските приходи за 2020 година споредено со 2019 година

Општинските приходи од сопствени извори
се намалија за 19%
во првата половина од 2020 година споредено со истиот период минатата година.

Процентот на меѓувладини дотации
се зголеми на 69,8%
за да се компензира за загубата во општинските приходи

Како резултат на тоа, вкупните општински приходи во првата половина од
2020 година се зголемија за 6,8%
споредено со истиот период минатата година

Општински приходи од ДДВ