Буџетските приходи брзо опаѓаат и се очекуваат значителни дефицити во буџетираните износи во Ребалансот на буџетот за 2020 година. Споредено со Постојниот буџет за 2020 година, приходите на владата сега се очекува да се намалат за околу 415 милиони евра, што претставува намалување за 11,5%. Во апсолутна смисла, најголемото потфрлање во приходите се очекува кај приходите од ДДВ (без поврат) (125 милиони евра), приходите од акцизи (90 милиони евра) и приходите од данок на добивка (88 милиони евра). Во релативна смисла, приходите од данокот на добивка веројатно ќе опаднат за неверојатни 33,8%, што укажува на сериозно влошување на профитабилноста. Пандемијата веројатно ќе доведе до зголемен долг и дефицити поголеми од оние евидентирани за време на Глобалната финансиска криза во 2009 година.
Постојано опаѓање во
сите категории на буџетски приходи
до мај 2020 година
Кумулативниот дефицит до август 2020 година
е 35 милијарди МКД
или 5,3% од БДП
Вториот ребаланс на буџетот
за 2020 година предвидува
буџетски дефицит од 8,4 од БДП
Вкупните буџетски приходи во
вториот ребаланс на буџетот за 2020 година
се проектирани на 196 милиј. МКД
Планираните приходи се за 11,5%
пониски споредено со
првичниот буџет за 2020 година
Вториот ребаланс на буџетот за 2020 година
предвидува зголемување за 2,5 %
во придонесите за социјално осигурување
Капиталните расходи беа
намалени за 22,5%
од првичниот буџет за 2020 година
Направени се значителни кратењa кај несуштинските и неприоритетните расходи во
висина од 3,1 милијарди МКД
За четирите пакети економски мерки
беше потребно зголемување во
трансферите за 13,9%