Како што може да се очекува, кризата сериозно влијаеше врз индустријата. Првата половина од 2020 година, споредено со истиот период минатата година, забележа пад во индустриското производство за 14,6%, во прометот на трговијата на големо за 33,3% и во малопродажбата за 8,9%. Најтешко погодените индустрии беа туризмот и угостителството, каде што ноќевањата се намалија за 66% и 97,8%, соодветно за странски и домашни туристи во првите пет месеци од 2020 година. Неколку сектори од индустријата се покажаа отпорни на кризата и постигнаа раст (фармацевтските производи, компјутери и електроника, градежништво…), но останатите индустриски гранки кои сочинуваат 86% од индустриското производство беа негативно погодени од пандемијата со КОВИД-19.
21 гранка или 83,5%
од индустриското производство беа негативно погодени од КОВИД-19
Производството на кожа, машини, опрема и моторни возила се најтешко погодени
со пад од 21-43%
Вкупното индустриско производство
го достигна најниското ниво во јуни 2020 година
со -14,6%
Севкупното индустриско производство
опадна за 13,2%
во првите седум месеци
Индустриското производство
во август 2020 година
и понатаму е намалено за околу 9%
Помалку нагласеното
влијание врз вработеноста
е резултат на економските мерки на Владата
Во првата половина од 2020 година
нето приливот на СДИ е 112 млн. евра
со нагласен пад во К2 од 2020 година
Приватните трансфери
се намалија за речиси 22%
во првите шест месеци од 2020 година
Нето СДИ и приватните трансфери
се очекува да се намалат
како дел од БДП во 2020 година за 50% и 25%
Вкупниот број на ноќевања од туристи
се намали за 46,3
во првите девет месеци од 2020 година
Нагло и постојано опаѓање на
ноќевањата од странски туристи
до 91% во септември 2020 год.
Благо подобрување
кај домашните ноќевања
во јули и август 2020 година